| ИНФО од 23/12/2008 |
| | „Крушево етноград“ e проект кој ќе вклучува изработка на традиционални носии, подобрување на сместувачките капацитети и организирање разновидни активности за посетителите. Жителите на ова гратче ќе се облекуваат како комити и Турци, реконструирајќи ја атмосферата за време на Крушевското востание пред повеќе од сто години. Униформираните жители и посетители ќе се организираат во чети и, доколку се одобрат средства за овој проект, ќе парадираат на главните улици во јуни догодина. | |
|
| |
| ИНФО од 20/12/2008 |
| | Излезе од печат вонредниот декемвриски број на TRAVEL INFO, посветен на АПСОЛВЕНТСКИТЕ ЕКСКУРЗИИ. Во него се презентирани сите актуелни тури за престојните студентски патувања. | |
|
| |
| ИНФО од 15/12/2008 |
| | На 12-13.12.2008 (петок-сабота) во Мала Станица, Скопје се одржаа Туристичките Промотивни Денови на Регионите. Се презентраше природата, традицијата и историјата на Источниот, Југозападниот, Југоисточниот и Полошкиот регион од Македонија. | |
|
| |
| ИНФО од 03/12/2008 |
| | ... Излезе од печат декемврискиот број на TRAVEL INFO. Во него се презентирани сите актуелни аранжмани за престојните новогодишни празници ... | |
|
| |
| ИНФО од 02/11/2008 |
| | Ви нудиме можност за прослава на новогодишните аранжмани во Загреб, Дубровник и Будва, како и уживање во Wellnes & Spa центрите во Опатија и Башка Вода. | |
|
| |
| ИНФО од 02/11/2008 |
| | На нашата веб страница се поставени новогодишните аранжмани со авионски превоз за: Париз, Рим, Прага, Истанубл и за прв пат - за Античка Турција. | |
|
| |
| ИНФО од 30/10/2008 |
| | Република Македонија го доби првото реконструирано неолитско село во земјава, подигнато на локалитетот Тумба Маџари во Скопје. Покрај едукативна дејност, овој музеј под отворено небо е отворен за сите посетители и туристи. | |
|
| |
| ИНФО од 01/10/2008 |
| | Центарот за визуелна уметност "ВИЗАНТ" го заврши проектот ,,Прилеп-мост помеѓу цивилизациите" преку кој се промовира манастирскиот и црковен туризам, пропратен со брошурата "Културно наследство на град Прилеп", како и сет од 12 поштенски картички. | |
|
| |
| ИНФО од 24/09/08 |
| | Во продажба е долгоочекуваниот аранжман за Малезија, кој се појави истовремено на нашиот веб сајт, но и на страниците од списанието Травел Инфо. | |
|
| |
| ИНФО од 20/09/08 |
| | Редакцијата поканува новинари и блогери кои обработуваат теми од туризмот, ученици во туристичкиот промет, како и стручни лица од образованието и администрацијата. Сите љубителите на патувањата кои сакаат да споделат дел од своите искуства со читателите на страниците на Травел Инфо, своите текстови можат да ни ги испратат на e-mail: travelinfo@savana.com.mk. | |
|
| |
| ИНФО од 31/03/08 |
| | Од Март месец е пуштена во употреба новата web страница на Туристичката агенција SAVANA!!! Надевајќи се на понатамошна успешна соработка, на сите посетители им се заблагодаруваме на посетата и вниманието посветено на истата. | |
|
| |