САВАНА доо Скопје
Профил на компанијата:
1. Назив на правно лице
Друштво за туризам, промет и застапување САВАНА доо Скопје,
скратено име: САВАНА доо Скопје, заштитено име: SAVANA Tourist Enterprises
Адреса:
Република Македонија
1000 Скопје, ул. Орце Николов 20
тел: 389 2 3115 826, факс: 3114 206
2. Правен субјект
Друштво со ограничена одговорност
3. Историјат
САВАНА доо - Скопје, е основана во 1990 година како приватно претпријатие и една од првите приватни туристички агенции во Република Македонија. Денес како една од водечките туристички агенции во дражавата, може да истакне дека работејќи уште од самиот почеток под мотото "комплетен туристички сервис", низ изминатиот период успеа да ги обезбеди сите потребни услуги за било каков тип на патувања, постојано инвестирајќи во квалитетен персонал и адекватна технологија. Како резултат на сето тоа, нејзините услуги ги користат голем број на задоволни клиенти и компании, кои и денес се нејзини постојани гости.
Туристичката агенција САВАНА е организирана во пет сектора: авио резервации и билети, сектор за организација на патувања и хотелски резервации во земјата и странство, сектор за трансфери и транспорт, сектор за Travel info и web администрација, како и дирекција со сметководство.
Секторот за организација на патувања и хотелски резервации во земјата, е препознатлив по добро организираните програмски дестинации, како и програми направени според желбата на групите и индивидуалците. Овој сектор обезбедува сервисни услуги за странски туристички групи и индивидуалци кои ја посетуваат Македонија или балканскиот регион обезбедувајќи им хотелскo сместување, трансвери, разгледи, водичи и други услуги. Горди сме што успеавме да го реализираме сето ова дури и за време на политичката нестабилност на Балканот во периодот помеѓу 1992 и 2001 година.
Секторот за продажба и резервација на авио билети, има добро подготвен персонал со меѓународно искуство, како и искуство стекнато во агенцијата од 1990 година па се' до денес. Сите вработени имаат IATA сертификат во своето досие, вклучувајќи ги и сертификатите за работа со програмите Amadeus и Galileo. Сите тие се спремни да ви ги понудат најдобрите опции за вашите летови, за чија резервација, цени и ред на летање можете бесплатно да се информирате во нашата агенција.
Секторот за транспорт, обезбедува трансфери за возила од најразличен капацитет, со професионални возачи: автомобили до 3 патници, комбиња до 6 патници, минибуси до 15 патници, како и автобуси до 49 патници.
Во 1990 година, САВАНА започна да работи со две вработени лица, а денес во неа постојано се вработени 13 редовно вработени лица. Во досегашниот период на своето постоење, со исклучиво пазарна ориентираност во работата, САВАНА успеа да оставри просечна годишна продажба од преку 5.000 авионски билети, како и продажба и реализација на повеќе од 20.000 аранжмански пакети во летувања, зимувања, или групни и индивидуални патувања.
Од 15.Февруари 1995 година, Туристичката агенцијата САВАНА стана постојана членка на меѓународната асоцијација IATA, со регистарски број: 76-3 2014 5.
САВАНА е исто така и основач и член на ATAM (Aсоцијација на туристичките агенции на Македонија), како и еден од основачите и членови на Стопанската комора за Туризам на Република Македонија. Со свое учество во органите на управување, САВАНА е активна и во Туристичкиот сојуз на град Скопје, како и во Туристичкиот сојуз на Република Македонија.
Според важечкиот Закон за Туризам од 2003 г. и последните измени од 2008 година, САВАНА поседува "А" лиценца за Тур-оператор, доделена од Министерството за Економија на РМ, како и полиса за Осигурување на одговорност од дејност, на вредност до 100.000 EUR.
Персонал:
* Managing director
- Стеван Пешевски
* Planning manager
- Мирче Пешевски
* Sales manager
- Светлана Унковска
* Commercial department
- Ана Крстевска
* Booking reservations & sales of packages
- Ана Богоевска
- Марина Трајковска
- Наташа Јовановска
- Афродита Мишева
* Air reservations & ticketing
- Даниела Ѓорѓиевска
- Ирена Ничевска
- Величе Арсова
* Accounting department
- Иле Темелкоски
* Technical staff
- Валентина Симоновска